Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Struktura na bugjetot na rashodi (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
Индивидуална семинарска работа по предметот:Управување со јавни финансии<0}
на тема:Структура на буџетот на расходи
Мentor: Izrabotil:
Вовед
Создавањето на ефективни, современи буџетски процеси и институции е од големо значење за земјите во Централна и Источна Европа. Клучните „блокови” вклучуваат органски закони за буџет; сметководствени системи и класификации, систем за управување со ликвидност и трезорски систем; и мрежи на финансиски информации. Таквите закони, институции и системи се од суштинско значење за:
олеснување на определување и спроведување на целите на фискалната политика (на пример, буџетскиот дефицит и долг) кои претставуваат важна компонента на макроекономската политика на земјата;
создавање клучен мост со процесот на креирање политики така што финансиското влијание на алтернативните опции на политиките (на пример, големи проекти за капитални инвестиции) врз буџетот и економијата можат да се мерат и споредуваат;
овозможување едногодишно следење и контрола на буџетот така што, на пример, доколку јавните расходи се повисоки од проектираните, можат да се преземат корективни активности;
поддржување на напорите на владата за изградба на ефективни механизми на одбрана од измама и корупција, со создавање потранспарентен, отворен систем што лесно може да се контролира и ревидира;
да и’ се помогне на владата во управување со задолжувањето и долгот на локалната самоуправа; и
да им се помогне на земјите да ги остварат стандардите за буџетирање и финансиска контрола што се неопходни за да се добие членство во Европската унија (ЕУ).
Главен дел
Камен-темелник на доброто управување
Иако е малку забележан од јавноста, факт е дека сите дневни операции на скеоја влада се поврзани со буџетирање. Она што е добро за системот на буџетирање е добро и за цеокупниот систем на управување.
Во земјите-членки на ЕУ, напорите за исполнување на Мастришките критериуми се фокусирани на дискусијата за буџетот. Слично на тоа, постојат силни притисоци во централноевропските и источноевропските земји за зајакнување на буџетската дисциплина во подготовката за членство во ЕУ. На пример, класичниот пример за буџетска сеопфатност наведува дека сите јавни средства треба да бидат опфатени во буџетот. Тогаш, што треба да се стори околу фондовите за социјално осигурување или државните гаранции кои некои земји ги држат „вон буџетот“ кога го пресметуваат долгот или дефицитот? Уште еден пример е прашањето дали критериумите за монетарната унија се одржливи во идните години го покренува прашањето за перманентно одобрените програми за остварување на права. Тие го прекршуваат принципот на годишно гласање и, од практична гледна точка, во голема мера ја намалуваат дискрецијата на Парламентот и извршната власт за решавање на идните проблеми.
Земјите членки на ОЕЦД во и надвор од Европа имаат слични проблеми. Буџетот стана средство за дебати околу променливата улога на државата и за новите односи меѓу социјалните партнери. Се создаваат нови институции за вршење јавни услуги, и се водат дебати околу тоа колку може да се толерира децентрализацијата, со истовремено одржување контрола и отчетност. Соочувајќи се со неопходноста да стори повеќе со помалку, функцијата на јавната администрација се редефинира за да се нагласи однесувањето ориентирано кон резултати наместо традиционалното овластување да се направи малку повеќе од само следење на правилата. Дали дополнителната дискреција што им се дава на администраторите го поткопува авторитетот на парламентот, како што обвинуваат некои критичари? Системите и заштитните мерки што се граделе со текот на годините за борба против корумпираната администрација се поткопани во потрагата по ефикасност. Дали можеме да се потпираме на нивните замени?
...
--------------------OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.---------------------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!